Во пожар изгоре плевна во село Букојчани

184
Фото: Зоран Антоски

Покрај зголемениот број на шумски пожари, во кичевско се регистрирани и урбани пожари. Така, во текот на ноќта во село Букојчани избувна пожар во плевна, која и покрај интервенцијата на ТППЕ Кичево, целосно изгоре.

Oгнената стихија не се прошири на куќите што се наоѓаат во непосредна близина на опожарената плевна.

Инаку во близина на истото село, вчера се појавил пожар од помали размери, кој по благовремената интервенција е целосно изгаснат.

З.А.