Во Куманово пуштена во употреба нова детска градинка “Детелинка”

1618

Денеска во Куманово во зградата на поранешниот Пионерски дом кој се наоѓа во строгиот центар на градот беше пуштена во употреба нова детска градинка со капацитет за околу 80 дечиња од предшколска возраст.

Со пуштањето во употрба на новата градинка барем за малку ќе биде ублажен проблемот од недостигот на слободни места во градските градинки-клонови, а воедно ќе биде решен и проблемот за 80 семејства од градот кои подолго време се наоѓаа на листата на чекање. За добивање на место во градинката.

Во наредниот пероид што следи во истиот објект на Пионерскиот дом во Куманово од страна на локалната самоуправа се планира да се оспособи и пушти во употреба уште еден дел со капацитет за уште 80 нови слободни места кој истотака ке се реализира во соработка помеѓу локалната самоуправа на градот Куманово и Владата на Република Македонија како што впрочем беше реализиран и овој сегашниот проект.

Во чест на отворањето на новата градинка се одржа и мала приредба на која што од страна на дечињата, таканаречените мини матуранти, дечиња од соседната градинка “Кокиче” беа изведени неколку песнички со содржина и тематика посветени на новата градинка, а пред присутните вработени и гости кои ги имаше во голем број говореа директорката на градинката Ангел Шајче, Марина Алексовска, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски како и министерката на Министерствот за труд и социјална политика Мила Царовска.

Т.Д.