Во Куманово одбележан Денот на независноста – 8 Септември

200

Денеска на плоштадот во Куманово во организација на градоначалникот, општината и општинскиот совет на градот со положување на свежо цвеќе пред Споменикот на жената борец се одбележаа 27 години од независноста на Република Македонија

На одбележувањето на прославата покрај претставниците на општината и членовите на општинскиот совет присуствуваа и свежо цвеќе положија и делегации сојузот на борците на Куманово, на АРМ, на полицијата, политичките партии како и претставниците на граѓанските здруженија од градот.

За значењето и бенефитите од независноста на државата пред присутните граѓани свое обраќање имаше председателот на советот на општината, Атина Мургашанска која во оваа пригода меѓу останатото уште еднаш присутните граѓани ги потсети дека благодарение на успешниот референдум за независност што се одржа на 8 Септември пред 27 години а на кој што референдум дури 95% од граѓаните на Република Македонија се изјаснија „ЗА“ независна и суверена Република Македонија ние денеска секоја година го славиме овој ден потсетувајки се на тој светол датум во нашата понова историја.
Т.Д.