Во Кичево се одржа пролетниот турнир во шах за слепи и слабовидни лица

188

Во организација на Здружението за слепи и слабовидни лица од Кичево, викендов во овој град се одржа пролетниот шаховски турнир , на кој учевствуваа шахисти од најголемите градови од земјава:Скопје, Тетово, Битола, Прилеп и домаќинот Кичево.

-Со учество на 20 слепи и слабовидни шахисти од земјава, од Скопје, Тетово, Битола, Прилеп и Кичево а во организација на нашето здружение, викендот во  Кичево се одржа традиционалниот пролетен Шаховски турнир за слепи и слабовидни лица. Според резултатите остварени по системот на Бухолц, најдобри резултати оствари Зејно Бајрами од Кичево со освоени шест поени, второто место му припадна на Лазар Калчовски од Битола со освоени 5 поени, а третото место му припадна на Лиман Лимани од Тетово кој освои 4 поени. Натпреварот се состоеше од седум кола. За трите првопласирани на турнирот, беа обезбедени парични награди од три, две и илјада денари. Ораганизирањето на овој турнир финансиски го помогна општина Кичево, како и други спонзори – истакна Гоце Матески, член на Здружението за слепи и слабовидни лица од Кичево.