Во Битола се одржа петтата јавна трибина за дигитализацијата

40

Петтата по ред јавна трибина посветена на дигитализацијата денеска се одржа во Битола. На трибината говореа министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска. Свој осврт даде и проректорот за настава на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола проф. д-р Игор Неделковски.

На трибината се зборуваше за дигитализацијата на земјата, како и за нејзината улога во професионализацијата на јавната администрација. Посебен акцент беше ставен на Националниот портал за електронски услуги како електронска платформа достапна на https://uslugi.gov.mk, преку која на граѓаните им се овозможува да добијат информации за јавните услуги и да користат е-услуги од надлежни органи.

Во декември, 2019-та започна со работа ажурираната верзија на Националниот портал за електронски услуги, достапен на uslugi.gov.mk . Порталот е воспоставен и управуван од Министерството за информатичко општество и администрација.