Во Битола почина едномесечно бебе

2919

Во текот на вчерашниот ден во Битола почина едномесечно бебе. Според извори на „Нова Македонија“ смртта на бебето била пријавено вчера попладне.

По пријавата во домот каде што починало бебето пристигнала екипа на СВР Битола, како и медицински работници на итната медицинска помош, при што од страна на лекарот била констатирана смртта на бебето.

Засега не се познати причините од што починало едномесечното бебе во Битола.

М.М.