Во Битола одбележан Меѓународниот ден на лицата со попреченост

88

Денешниот ден 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Ресурсниот Центар на родители на деца со посебни потреби во Битола ја одбележа со почеток на кампањата „Почит и поддршка за видлива и невидлива попреченост. Ништо за нас, без нас!“
Кампањата е поддржана од страна на Општинскиот совет за социјална заштита при општина Битола, Црвен крст – Битола и Здружението на еднородителски семејства „Дел од сите“.
На настанот, кој се одржа на плоштадот „Магнолија“, им се придружија и ученици од ОУ „Елпида Караманди“ од Битола со изработен постер по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост и со присуство на нивни ученици.
На плоштадот „Магнолија“ беше поставен штанд со промотивни материјали, а младите волонтери делеа промотивни материјали низ институции и организации (училишта, маркети, банки…) каде што најчесто може да сретнеме деца и лица со попреченост. Промотивните материјали ќе продолжат да се делат во текот на декември.
М.М.