Во Битола гласаа 19 лица во самоизолација

110

Согласно препораките на ДИК со комплетна заштитна опрема членовите од посебниот избирачки одбор од ОИК Битола тргнаа во домовите на болните од ковид-19 и лицата во самоизолација да го остварат своето право на глас.

Според ОИК во Битола се пријавиле 19 лица. Претседателката на ОИК од Битола, Весна Томовска изјави дека гласањето почнало точно навреме, во 7 часот утрово.

– Гласањето почна во 7 часот со тоа што избирачкиот материјал е предаден од страна на основните избирачки одбори на посебниот избирачки одбор, составен од здравствени работници. Во интерес на подобра заштита на здравствените работници, тие користат заштитна опрема – рече претседателката на ОИК, Весна Томовска, според која во општина Битола вкупниот број на гласачи е 81.488 и 170 избирачки одбори.

За тоа како се одвива процесот на гласање, ни објасни членот на одброт, д-р Тихомир Велевски. 

-Влегувавме внатре, облекувавме нова опрема, горен мантил, проверувавме кои се луѓето што треба да гласаат, кои ги прскавме по рацете, ги дезинфициравме. Потоа тие ставаат маски и ракавици. Им се дава ливчето за гласање. Чекавме да гласаат, го земаме ливчето и истото се носеше во посебен затворен плик, кој се внесуваше во кутијата – изјави Велевски.

М.М.