Влатко Лозаноски в сабота со концерт на Китино Кале

82
Фото: Зоран Антоски

Некогаш култното место за граѓаните на Кичево, каде настапувале речиси сите пејачи од поранешна Југославија, Китиното Кале, в сабота повторно ќе биде музички епицентар во регионот бидејќи концерт ќе одржи  домародниот Влатко Лозаноски. 

Ова ќе биде втор голем настап на Лозано, по оној во главниот град пролетва. Талентираниот пејач со сигурност ќе се потруди во најдобро светло да се претстави пред своите сограѓани. Почетокот на концетот ќе биде од 21 часот, а цената на влезниците изнесува 300 денари.

Овие неколку дена се работи на уредување на просторот, со што ќе бидат исполнети сите предуслови неопходни за еден голем музички настан.

З.А.