Ветер оштети покрив на балон-салата во Кичево

167

Под налетот на силниот ветер, кој се голема брзина дуваше поладнево во Кичево, беше оштетен дел од покривот на балон-салата, што се наоѓа во непосредна близина на железничката станица.

Направена е само материјална штета на покривот, додека конструкцијата на салата не претрпела никакви оштетувања.

Поради овој проблем во еден краток период салата беше надвор од употреба.

З.А.