Васко Ковачевски со свои средства ќе ја реконструира хирургија во Клиничката болница во Битола

299

Воден од мотото „Биди хуман“, Васко Ковачевски, актуелен директор на РЕК „Битола“, денеска ја почна кампањата за реконструкција на хируршкото одделение на Клиниката во Битола.

-Од денеска јас и моите најблиски се вклучуваме со хуманитарна помош за реконструкција на одделението за хирургија во Клиничката болница во Битола – истакна Васко Ковачевски.

Откако тој ја пренесе идејата на менаџментот на Клиничката болница, дека сака со свои лични средства да ја помогне реконструкцијата на хирушкото одделение, сега останува болницата да направи анализа за потребните материјали и средства за работа кои треба да се обезбедат.

Се планира реконструкцијата на хирушкото одделение да почне од следниот понеделник.

Ова е редок пример битолчанец да донира свои средства за хумани работи во Битола. Досега вакви донации обично имаше од битолски иселеници кои живеат и работаат во странство.

Во Битола очекуваат дека неговиот пример ќе го следат и други битолчани.

М.М.