Валандово е подготвено да отстапи простор за лицата со попреченост

238

Градоначалникот на Валандово Перо Костадинов потврди дека Општината е подготвена да отстапи простор за лицата со попреченост кои требаше да бидат сместени во неготинското село Темјаник.

– Останувам на мојот став објавен на социјалната мрежа фејсбук дека општина Валандово е подготвена да отстапи простор и да создава услови за хумани дневни центри за лицата со попреченост- изјави Костадинов.

И да нема таков простор, дополни, Валандово ќе најде. Алудирајќи на тројцата штитеници од Заводот во Демир Капија кои треба да бидат сместени во селото Темјаник, Костадинов рече дека иако сите се различни, заслужуаат еднакви шанси. 

Во ова село попладнево на средба со жителите беше министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, но жителите на Темјаник упорно одбиваат три деца со попреченост од Заводот во Демир Капија да бидат сместени во објект во селото.