Бомба во кафуле во Прилеп

102

Синоќа  околу 23 часот во кафулето „Кафе ин“ во центарот на Прилеп во жардинерија е пронајдена бомба. Бомбата е отсранета од МВР, велат од ОЈО Прилеп и истрагата е во тек.

Бомбата била забележана од гостин во кафулето по што било евакуирано. Од ОЈО Прилеп велат дека направата е дадена на вештачење. 

Од МВР за случајот информираа дека се работи за школска бомба која немала експлозивно полнење.

– Нема повредени лица ниту материјална штета – велат од МВР.

Пред една недела исто во ова кафуле беше пронајдена бомба, а досега нема информација кој и зошто ја поставил.

Ка.М.