Битола доби уште две нови паркинг места

1196

Јавното претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Општината Битола почна да наплаќа паркирање на две нови паркиралишта.

– Првата нова локација за паркирање е помеѓу улиците „11-ти Март“ и „Свети Наум“, поточно на локација зад стамбената зграда наспроти стоковната куќа „Јавор“. Проектното сообраќајно решение предвидува воспоставување на нова зона А11 на која се обезбедени 28 паркинг места од кои едно место е наменето за лица со
инвалидитет.

Втората локација на организиран паркинг простор е просторот помеѓу Градското шеталиште и ул. „Македонска Фаланга“, односно на ул. „Крушевска Република“ во близина на Тумбе кафе, каде се врши дополнување на зона Ц со нова зона Ц4. На локацијата предвидени се 111 паркинг места од кои три се наменети за лица со инвалидитет.

Од ова јавно претпријатие информираат дека во тек се подготовки за пуштање во функција и паркинг просторот на ул. „Пеце Матически“, поточно на локацијата зад
градската библиотека. Проектното сообраќајно решение на оваа локација предвидува вкупно 49 паркинг места, од кои две паркинг места се наменети за лица со инвалидитет.
М.М.