Бесплатна бања за 29 пензионери од Кичево

211

Дваесет и девет пензионери од Кичево денеска заминаа на бесплатна бањско-климатска рекреација во Дебарски бањи, каде ќе престојуваат 7 дена. Пензионерите кои утринава заминаа за Дебар, се дел од 122 пензионери колку што се пријавија за бањско-климатска рекреација оваа година.

-Од нашата општина денес на бањско-климатска рекреација во Дебар заминаа 29 пензионери од 122 пензионери ,колку што се пријавија да ја искористат оваа поволност. За да се најдат во оваа група, пензионерите од нашата општина мораа да ги исполнуваат следните услови. Нивната пензија не смееше да биде повисока од 17. 000 денари заклучно со ноември 2018 година и претходните неколку години да не биле корисници на оваа услуга. Групата од нашиот град со организиран превоз ќе престојува во Дебарски бањи, ќе има обезбедени бесплатни 6 пансиони, бањска терапија и задолжителен лекарски преглед. Ова ќе биде пролетна група на пензионери што ја користи оваа можност, а за во есен, исто така, друга група ќе биде упатена на бањско-климатска рекреација во Дебарски бањи – истакна Ристо Попоски од филијалата на ПИОМ во Кичево.

З.А.