Асфалт за неколку села во Новаци

71

Локалната самоуправа на Новаци деновиве интензивно се работи на локалната инфраструктура во општината.
– Деновиве асфалтиравме улици во неколку села, а наскоро започнуваме со градежни активности за рехабилитација на два регионални патни правци во општина Новаци на дел од регионален патен правец село Бач – Гермијан – Кременица и на дел од регионалниот пат Новаци – Орехово спрема Маково во делот кој е најоштетен.Овие инвестиции во висина од 21 милионденари ги реализираме со средства од Јавното претпријатие за државни патишта. Паралено со тоа со средства од буџетот на општина Новци за 2020 година во висина од 11 милиони денари почнавме со асфалтирање на локални улици на територија на општина Новаци во 17 населени места со планирана вкупна должина од 2.5-3 километри – изајви градоначалникот на Новаци, Љубе Кузманоски.
Според Кузманоски, Новаци во склоп на проектот за подобрување на општинските услуги МСИП и Министерството за финансии, изработи проектна документација за реконструкција на две локални улици со краци во село Новаци и една локална улица со краци во село Гермијан со вкупна должина од 2.1 километри. Во Министерството за транспорт и врски аплициравме со три основни проекти за изградба на 3 локални патишта со предвидена реализација во три фази.
– Изградба на локален пат од раскрсницата Старавина до село Будимерци – фаза1 и фаза 2 и изградба на локален пат Гнеотино спрема Брод. Со изработката на комплетната проектна документација за изградба на две локални улици во село Градешница со бехатон плочки и локален пат до Манастир „Св.Илија” создадени се основните предуслови за реализација на овие проекти кои се од интерес на граѓаните од село Градешница – вели градоначалникот на Новаци, Љубе Кузманоски.
М.М.