Аеросолизација на јавните површини

51

КУМАНОВО

Во просториите на Општина Куманово се одржа педесет и петтиот состанок на општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземањето активности за превенција од ширењето на ковид-19.
– На состанокот присуствуваа претставници на општинскиот штаб, како и претставници од институции, организации, јавни претпријатија. На состанокот беа донесени неколку препораки, односно им се наложува на банките и други правни субјекти што вршат шалтерски исплати и наплати на средства да воведат дополнителни редарски служби што ќе го контролираат и регулираат движењето на нивните клиенти во периодот на чекање пред деловните објекти, за да се почитуваат мерките и препораките за заштита, со почитување на дистанцата на клиентите – информираат во општината.
Освен ова, јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ ќе врши аеросолизација на јавно-прометните површини во централното градско подрачје кога ќе бидат поволни временските услови, односно кога температурата ќе над -5 Целзиусови степени.
– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сите мерки и препораки од Владата на Република Северна Македонија, поточно физичка дистанца од 2 метра, носење заштитни маски и да нема групирање на отворено, како и во затворени простории – додаваат оттаму.