Администрацијата од денеска ќе работи по старо работно време

221

Гевгелија

Од денеска 27 април, општинската администрација во Општина Гевгелија ќе работи по старото работно време. Односно, општинската администрација, одделението за локални даноци и секторот за урбанизам во Општина Гевгелија ќе работат од 8 до 16 часот.
– Граѓаните своите потреби и барања можат да ги поднесат на пријавниците, секој работен ден, во време од 10 до 14 часот. Сите потребни информации и услуги граѓаните, исто така, можат да ги добијат по електронски пат – информираат од Општина Гевгелија.