Фото: Принтскрин/Јутјуб

Поранешниот претседател на Бугарија, Георги Прванов повика на конструктивен пристап помеѓу Софија и Скопје.
Како што јави дописникот на МИА во Софија, според Прванов, колку и да е едноставен францускиот предлог, тој е дипломатски воздржан и дава некаква основа и насока за излез од оваа неколкугодишна дипломатска криза.

Поранешниот бугарски претседател изрази надеж дека ќе се направи потег да заврши и оваа сага.
Тој нагласи дека со укинувањето на ветото, Бугарија ја губи битката за историјата.

-Очигледно, ветото не може да го смени ставот на македонското општество. Дури и повеќе од најблиските народи, какви што беа и како што не прогласија двајцата премиери на Бугарија и Северна Македонија, Бојко Борисов и Зоран Заев, земјите станаа најнепријателски – коментира Прванов.
Прванов е дециден дека треба да се работи на обновување на билатералните односи, за ново зближување меѓу Бугарија и Македонија, а тоа е можно, но не на начин да се влијае врз европските институции.