Фото: МОН

Денеска продолжуваат преговорите помеѓу Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука (МОН) за платите на просветните работници, откако завчера не беше постигнат напредок.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, тогаш рече дека на состанокот биле дискутирани, анализирани и аргументирани сите прашања врз основа на нивните барања.

Минатата недела штрајкот на вработените во образованието беше ставен во мирување.

Рокот за медијација е десет дена за усогласување на ставовите.