Фото: МИА

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.167 тестови, а регистрирани се 86 нови случаи со ковид-19 и 87 оздравени пациенти. Од вкупниот број на позитивни (86), регистрирани се 18 реинфекции.

-Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“ дополнително е регистрирано едно починато лице од Демир Капија (74г),починато во болнички услови. Лицето е починато на 29.04.2022 година-соопшти Министерството за здравство.

Од 86 новозаболени од Скопје се 65, Битола – 4, Прилеп – 3, Гостивар, Штип, Ресен и Берово – по 2, Кавадарци, Велес, Охрид, Струмица, Кочани и Крива Паланка – по 1.

Од 87 оздравени пациенти од Скопје се 58, Битола – 8, Кавадарци – 6, Охрид – 4, Гостивар, Кочани, Струга и Гевгелија – по 2, Ресен, Радовиш и Демир Хисар – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 2.043.694 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 311.199, бројот на оздравени пациенти е 301.361, на починати е 9.297, а на активни случаи изнесува 541.