Фото: МИА

Воените оркестри од армиите на Македонија и на САД за Европа и Африка „УСАРЕУР-АФ” како дел од предвидените активности во пресрет на вежбата „ „Брз одговор 22” вечерва одржаа едночасовен заеднички концерт во населбата Аеродром во Скопје.

На концертот беа изведени повеќе композиции во аранжман на оркестрите. Меѓу посетителите беа заменик на министерот за одбрана, Башким Хасани, амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнс, бригадниот генерал Орце Јордев, припадници од Министерството за одбрана, Генералштабот на Армијата и Амбасадата на САД.

– Публиката имаше можност да проследи нумери во дувачка изведба меѓу кои и „Молитва за Украина“ „Марш за денот на слободата“, во кои провејуваа пораки на пријателство и мир во светот, поддршка за народот на Украина, но и со кои во заедничката изведба се демонстрира и сојузништвото помеѓу двете армии и држави – информираат од Генералштабот на Армијата на Македонија.