Евро-Атлантскиот Совет на Македонија на својата интернет страница објави интерактивна мапа преку која може да се следи кои земји членки на НАТО го ратификуваа протоколот за пристап на Северна Македонија во Алијансата.

Иако беше најавено дека голема бројка на земји членки на НАТО во најбрз можен рок ќе го ратификуваат протоколот, досега само Грција, Албанија и Словенија го имаат направено тоа.

Вчера беше објавено дека данската влада ќе го поднесе предлогот за ратификација на пристапниот Протокол за членство на нашата земја во НАТО до данското собрание, а процесот на ратификација во оваа земја ќе започне од 1-ви март.

Линк до интерактивната мапа.