Словенија која е актуелен претседавач со ЕУ, врши притисок врз Унијата за прием на целиот Западен Балкан до 2030 година, непосредно пред самитот на европските лидери закажан за следната недела, на кој треба да се разговара за проширувањето на ЕУ објави „Фајненшл тајмс“.

Во анализата на британскиот весник се наведува дека во ЕУ постои поделеност околу потребата за проширување, како и за брзината со која треба да се примаат нови членки. Токму затоа, словенечкиот предлог истакнат завчера на амбасадорскиот состанок во Брисел, ги изненадил другите членки на Унијата.

– Предлогот за брз прием на земјите, меѓу кои е и Македонија, бил истакнат пред три дена на состанокот на амбасадорите во Брисел, и тој наишол на вџашеност кај другите земји-членки на Унијата. Некои го опишаа предлогот како целосно нереален со оглед на економските и политичките предизвици во регионот – пишува „Фајненшл тајмс“.

Во пресрет на самитот ЕУ – Западен Балкан, министерот за надворешни работи Бујар Османи од утре почнува дипломатска офанзива во рамките на која ќе ги посети  Германија и Полска, а турнејата ќе ја заокружи со учество на самитот.