Владата предводена од СДСМ преку одговорни и сериозни политики обезбеди сигурна и стабилна евроатлантска иднина на државата со загарантиран и признаен идентитет и јазик.

Никаде во светот не се преговара за идентитет и за свој мајчин јазик и во ниту еден момент никој нема намера да преговара за идентитетот, јазикот и правото на самоопределување.

Граѓаните застанаа зад СДСМ, избраа европска иднина, избраа да носат храбри и патриотски одлуки, кои конечно ја движат македонската држава и целиот македонски народ кон исполнување на стратешките цели.

Резултатите на политиките на СДСМ се видливи на дело, за само три години станавме членка на НАТО со лична карта како македонски народ и македонски јазик, еднакви и рамноправни, рамо до рамо со најмоќните земји во светот, а истовремено, целосно го заштитивме идентитетот и ги зачувавме државните и национални интереси. – се вели во соопштението на СДСМ