Македонија нема да влезе во војна, Македонија нема да се распадне сигурно ако не успее овој политички процес заклучно со уставните промени, изјави вечерва Националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски, говорејќи на панелот „Придобивките за младите од членството на нашата држава во ЕУ и НАТО“.

-Ако не влеземе во тие интеграции, ние за не повеќе од година или две, три максимум, ќе влеземе во нова диктатура…Ние ќе почнеме да гниеме од внатре и никакви реформи нема да се прават. Без надворешен евалуатор во ликот на ЕУ, ние не можеме да напредуваме бидејќи немаме доволен капацитет во битните области да го направиме тоа – рече Пендаровски.

Тој ја обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека на терен работи за бојкот на референдумот.

– Тие не организираат тивок бојкот, туку гласен – рече Пендаровски.