Денес, 100 дена по изборот на Владата, гордо изговараме дека овие три месеци бевме тука за и со граѓаните, целосно посветени на грижа, одговорност и сигурност. Успешно справување со ковид-пандемијата, нова енергија и решителност за подинамичен економски раст и одржлив развој, ефикасна правна држава и силни инстиуции, модерно образование и внатрешна кохезија, активно членство во НАТО и силна волја за успешен почеток и завршување на преговорите за ЕУ, остануваат наши клучни приоритети, потенцираше премиерот Зоран Заев во отчетот за сработеното во изминатите 100 дена.

Според него, Владата останува на утврдениот стратешки колосек.

– Испорачавме полноправно членство во НАТО, ќе ја придвижиме земјата и кон ЕУ. Ќе продолжиме со реформите со силен интензитет. Наша обврска е да ги спроведуваме европските стандарди дома. За нас нема друг пат, нема друга алетрнатива и нема откажување. Продолжуваме како и во првите 100 дена, заедно со граѓаните, со грижа и одговорност обезбедуваме сигурност – додаде премиерот.

Тој смета дека во овој период главен предизвик е справувањето со ковид-19 и тоа ги одбележа првите 100 дена од работењето на Владата. Поради тоа, за да се насочат сите ресурси кон заштита на граѓаните, се реорганизира раководењето со државата. Заев вели дека се комплетира системот на ефикасни и силни инстицуиции, а енергетиката, дигитализацијата и останатите модерни технологии се иднината на развојот. Тој најави дека законот за попис можеби уште денеска ќе биде даден на усвојување на пленарна собраниска седница.

– Граѓаните бараат попис, на државата тоа и треба и ние ќе го обезбедиме. Пред 100 дена најавив и дека влегуваме во време на правда, ред и дицсплина, во неселективно вледеење на правото и еднаквост пред законите – истакна Заев.

Според премиерот, веќе се аплицираше за набавка на вакцини преку ковакс системот, се донесе четвртиот пакет економски мерки вреден 470 милиони кој заедно со претходните три сета од 550 милиони изнесува околу едена милијарда евра – средства насочени кон граѓаните и стопанството за стабилна одржливост на економијата и потенцијал за ревитализација. Владата се обрвзува и на силна, бескомпромисна борба за здрава животна средина.

Во однос на проблемот со Бугарија, Заев вели дека нашата држава нема ни најмала вина за оваа ситуација.

– Застанавме цврсто на позицијата дека македонскиот индентитет е невозможно да бдие предмет на преговоори. Никогаш нема да се откажаеме од нашето право на самоопределување. Нема да дозволиме ова да предизвика застој на внатрешните реформи, напротив, ќе го засилиме темпото – рече премиерот.