Државната изборна комисија одлучи да се прогласи за ненадлежна да одлучува по барање од министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, кој бара да кажат дали има нешто спорно во назначувањето на Ристо Ставревски за командир во СВР Скопје.

Тие сметаат дека именувањето на Ставревски не е работа поврзана со кадровските или финансиските прашња поврзани со организација на претстојните избори, за да мораат да одлучуваат. Со ова, Петровска и Чулев сами ќе треба да донесат одлучат за именување на прв човек во СВР Скопје.

Во техничката влада, министерот и дополнителниот заменик-министер имаат врзани потписи, што значи дека во случај кога едниот од нив не се согласува со одредено прашање, не може да се донесе одлука.