Фото: Арх

Државната изборна комисија (ДИК) утринава од печатницата „Киро Дандаро” во Битола го презеде доверливиот избирачки материјал за вториот круг од локалните избори.

Во печатницата АД „Киро Дандаро” – Битола се испечатени 1,6 милиони ливчиња од доверливиот избирачки материјал кој во текот на денов ќе го преземат општинските изборни комисии. „Киро Дандаро”- Битола од 2002 година континуирано го изработува и печати избирачкиот материјал за различни изборни циклуси во Македонија.

ДИК за вториот круг ангажира 400 лица за техничка поддршка на избирачките места со цел за надминување на проблемите поврзани со употребата на уредите за отпечаток од прст, како што најави претседателот на Комисијата, Александар Даштевски.