Фото: Игор Бансколиев

Гласањето ќе се продолжи за граѓаните кои ќе се најдат на избирачките места и во дворовите на објектите по 19 часот, истакна претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски охрабрувајќи ги граѓаните масовно да излезат и да гласаат на локалните избори. ДИК преку мејл ги известил општинските изборни комисии да ги информираат избирачките одбори за ваквата одлука.

Метежите, односно успорувањето на гласањето на тековните избори се должи на многуте страници на избирачкиот список, добиените отпечатоци од прсти, како и поради мерките за заштита од коронавирус, според претседателот на ДИК.

Досега се поднесени 134 приговори за заштита на избирачко право, од кои 63 се прифатени, а десет се одбиени.