Приговорот на Левица против независниот кандидат за Град Скопје Данела Арсовска и приговорот на СДСМ против независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски за билбордите, се одбиени од страна на Антикорупциска комисија.

Претседателката Билјана Ивановска посочи дека ДСКС дека се соочила со низа пропусти во Изборниот законик поврзани со рекламирање на билборди, додавајќи оти според сегашниот Изборен законик, не може да се преземат казнени мерки за користење простор на билборди за црна кампања, како и за недостаток на натписи на билборди за нарачателот на рекламата.