Секогаш кога ќе се преговара зад завесата и надвор од очите на јавноста, Македонија губи. Секогаш, буквално секогаш, тоа се случува, така и овој пат, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Според информациите на Мицкоски, двајца блиски соработници на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, изминатите денови биле во Софија. Тој дополнително ги повика јавноста и медиумите да постават прашање до министерот и неговите соработници за нивното присуство и преговарање во Софија.

– Ниту едниот ниту другиот има стратегија пред себе, ниту едниот ниту другиот има приоритет да го заштити македонскиот национален интерес, да го заштити интересот на македонските граѓани и, пред сè, на Македонците, бидејќи во случајот овие тајни разговори се водат за идентитетот на Македонците и тоа е многу важно и треба да се спомене затоа што тука се зборува за македонски јазик, за македонско културно наследство, за македонска историја, за значајни личности од македонската историја – тоа, всушност, е идентитетот на Македонецот. Еве поставете го ова прашање дали овие две лица во изминатиот период повторно беа присутни во Софија, без притоа некој да им даде мандат, и преговараа за тоа таканаречениот протокол да биде дел од преговарачката рамка – рече Мицкоски.