Владата денеска ја одржа својата прва, конститутивна седница, со која претседаваше премиерот Димитар Ковачевски. На седницата определени беа заменици на претседателот на Владата, и тоа: д-р Артан Груби, министер за политички систем и односи меѓу заедниците, за прв заменик на претседателот на Владата; м-р Славица Грковска, министер без ресор, за заменик на претседателот на Владата, задолжен за политики на добро владеење; Фатмир Битиќи, министер без ресор, за заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, за координација со економските ресори и инвестиции; м-р Бојан Маричиќ, министер без ресор, за заменик на претседателот на Владата, задолжен за европски прашања; д-р Џемаил Чупи е именуван за министер без ресор, задолжен за дијаспора.

Именувани беа и претседателите и членовите на основните комисии на Владата.

За претседател Комисијата за економски систем и тековна економска политика е именуван Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, за координација со економските ресори и инвестиции, а за членови на оваа комисија се именувани д-р Фатмир Бесими, министер за финансии, м-р Крешник Бектеши, министер за економија, Насер Нуредини, министер за животна средина и просторно планирање, Благој Бочварски, министер за транспорт и врски, Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и м-р Јована Тренчевска, министер за труд и социјална политика.

За претседател на Комисијата за политички систем Владата го именуваше д-р Артан Груби, прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, а за членови м-р Бојан Маричиќ, заменик на претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Славјанка Петровска, министер за одбрана, Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, д-р Никола Тупанчески, министер за правда, д-р Бујар Османи, министер за надворешни работи и м-р Адмирим Алити, министер за информатичко општество и администрација.

Должноста претседател на Комисијата за човечки ресурси и одржлив развој ќе ја извршува м-р Славица Грковска, заменик на претседателот на Владата, задолжен за политики на добро владеење, а членови на оваа комисија се Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, за координација со економските ресори и инвестиции, д-р Фатмир Бесими, министер за финансии, м-р Беким Сали, министер за здравство, д-р Јетон Шаќири, министер за образование и наука, м-р Јована Тренчевска, министер за труд и социјална политика, м-р Адмирим Алити, министер за информатичко општество и администрација, м-р Горан Милевски, министер за локална самоуправа и доц. д-р Бисера Костадиновска Стојчевска, министерка за култура.

Не денешната седница именувани беа и претседатели и членови на посебните комисии на Владата.

За претседател на Комисијата за именување е именуван м-р Бојан Маричиќ, заменик на претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, а за членови на оваа комисија се назначени д-р Артан Груби, прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, д-р Фатмир Бесими, министер за финансии, Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи и Насер Нуредини, министер за животна средина и просторно планирање.

За претседател на Комисијата за станбени прашања е именуван Благој Бочварски, министер за транспорт и врски, а за членови д-р Артан Груби, прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, м-р Беким Сали, министер за здравство, м-р Горан Милевски, министер за локална самоуправа, и Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Владата денеска за претседател Комисијата за приватизација го именуваше м-р Крешник Бектеши, министер за економија, а за членови се именувани Благој Бочварски, министер за транспорт и врски, м-р Адмирим Алити, министер за информатичко општество и администрација, Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, и м-р Беким Сали, министер за здравство.

На оваа конститутивна седница за шеф на канцеларијата на претседателот на Владата е именуван Мартин Попов.

Владата денеска донесе Решение за именување членови на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и за членови ги определи Славјанка Петровска, министер за одбрана, Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, д-р Бујар Османи, министер за надворешни работи, м-р Беким Сали, министер за здравство, Благој Бочварски, министер за транспорт и врски и Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи и раководител на Групата за процена.

За раководител на Управувачкиот комитет е определен Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.

Владата на оваа седница го продолжи работењето на Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) за менаџирање со справувањето со последиците од пандемијата со ковид-19 со претставници на Владата и на институциите кои и до сега беа вклучени во неговата работа. Со работата на ГККШ ќе претседава претседателот на Владата Димитар Ковачевски.

Согласно приоритетите на Владата како што се здравјето на граѓаните и квалитетот на образованието, на денешната седница е донесен заклучок за вечерва во 20 часот да се свика состанок на Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) за менаџирање со справувањето со последиците од пандемијата со ковид-19 и во консултација со Комисијата за заразни болести, да се разгледа прашањето за почетокот на второто полугодие од наставата во основното и средното образование.