Маја Јаневска Илиева

Ми­тро­по­ли­тот прес­пан­ско-пе­ла­го­ни­ски г. Пе­тар сме­та де­ка не сме­е­ме да доз­во­ли­ме, се­га ба­рем во ова вре­ме ко­га сме авто­ке­фал­на цр­ква, не­кој да нѐ обез­ли­чу­ва и тре­ба да да­де­ме от­пор на на­ше­то обез­ли­чу­ва­ње и на на­ше­то не­ги­ра­ње, ка­ко на­род и на­ци­ја

По об­ја­ву­ва­ње­то на фран­цу­ски­от мо­ди­фи­ци­ран пред­лог, Ма­ке­дон­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква – Охрид­ска ар­хи­е­пи­ско­пи­ја не­кол­ку­па­ти по­ви­ка на обе­ди­ну­ва­ње око­лу на­ци­о­нал­ни­те ин­те­ре­си и нив­на за­шти­та. За акту­ел­ни­те со­стој­би со свое ви­ду­ва­ње из­ле­зе и ми­тро­по­ли­тот прес­пан­ско-пе­ла­го­ни­ски г. Пе­тар. Спо­ред г. Пе­тар, Ма­ке­дон­ци­те се не­ги­ра­ни де­ка по­сто­јат, де­ка се по род Бу­га­ри, но тоа не­ма да се слу­чи ба­рем до­де­ка има пос­ле­ден Ма­ке­до­нец што се чув­ству­ва Ма­ке­до­нец по род, ве­ра, кул­ту­ра и по сѐ што по­стои. Ми­тро­по­ли­тот прес­пан­ско-пе­ла­го­ни­ски по­со­чу­ва де­ка не тре­ба да се сра­ми­ме да му ка­же­ме на це­ли­от свет де­ка ако се збо­ру­ва за кул­ту­ра­та, ту­ка не­ка ја ба­ра­ат во Ма­ке­до­ни­ја. Ако се збо­ру­ва за исто­ри­ја­та, ту­ка е и нај­ра­на­та исто­ри­ја. Ако се збо­ру­ва за Цр­ква­та на Бал­ка­нот и Евро­па, пр­во во Ма­ке­до­ни­ја се слу­чи­ло еван­ге­ли­е­то да би­де про­по­ве­да­но во Фи­ли­пи од апо­сто­лот Па­вел, наг­ла­су­ва ми­тро­по­ли­тот Пе­тар.
– За­тоа ние не­ма­ме од што да се сра­ми­ме и од што да се пла­ши­ме, ту­ку тре­ба до­сто­инс­тве­но, искре­но и чес­но да по­твр­ди­ме де­ка не сме на­род без ко­рен, не сме Цр­ква од вче­ра, ту­ку по­сто­и­ме од мно­гу одам­на и на­ши­те ко­ре­ња се дла­бо­ки и ста­ри. Па за­тоа да не доз­во­ли­ме, се­га ба­рем во ова вре­ме ко­га сме авто­ке­фал­на цр­ква, не­кој да нѐ обез­ли­чу­ва. Се на­де­вам де­ка се­то она што де­не­ска се слу­чу­ва, тоа тре­ба да би­де на нај­ци­ви­ли­зи­ран и нај­де­мо­крат­ски на­чин, да да­де­ме от­пор на на­ше­то обез­ли­чу­ва­ње и на на­ше­то не­ги­ра­ње, ка­ко на­род и на­ци­ја – ве­ли ми­тро­по­ли­тот прес­пан­ско-пе­ла­го­ни­ски г. Пе­тар. Д.Ст.