Фото: МВР

Министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски, утрово поднел оставка од потпретседателската функција во партијата, објавија повеќе медиуми повикувајќи се на партиски избовори.

Спасовски денеска информира дека вечерва ќе учествува на седницата во СДСМ и појасни оти претходно најавил дека новиот мандатар, кој вечер треба да биде предложен и избран од партијата, треба да си состави нов тим.

Спасовски рече дека 28 години се вложил во партијата и најави дека после Нова година ќе каже дали ќе остане во владиниот тим.