Фото: Фејсбук/Димитар Ковачевски

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска го информира мандатарот за состав на новата влада, Димитар Ковачевски, дека седницата за избор на Владата ќе ја свика в сабота во 11 часот.

Претходно, мандаторот Ковачевски, официјално му ги достави на претседателот на Собранието предлог-составот и предлог-програмата за работа на новата влада и изрази очекување дека истите ќе бидат одобрени без одложување.