Фото: СДСМ

Се очекува Централниот одбор на СДСМ на денешната прва седница по изборот на нов партиски лидер, да избере и ново раководство, односно нов состав на Извршниот одбор, како и нови потпретседатели и секретари на партијата, по предлог на Димитар Ковачевски, кој според најавите би требало да биде потврден за мандатар за формирање на нова Влада. Ковачевски претходно најави дека во актуелниот состав на ЦО ќе добие нови членови.

Претседателот Стево Пендаровски до среда треба да го додели мандатот на Ковачевски за формирање влада. Тој го најави предавањето на мандатот за утре или задутре, по што ќе почне да тече и рокот од 20 дена за формирање Влада.