Фото: Принт-скрин

Секој чекор што ја продлабочува нашата врска мора да биде поддржан, изјави бугарскиот претседател, Румен Радев, прашан за посетата на премиерот Кирил Петков на Македонија.

Радев рече дека има многу позитивни сигнали од оваа посета, но се надева дека клучните прашања во спорот нема да бидат изоставени.

– Сепак, се надевам, како што кажав вчера од собраниската говорница, дека заедно со сите напори за подобрувањето на поврзаноста, инвестициите, економијата, соработката, нема да ги заборавиме и главните прашања што треба да се решат и всушност ќе ја отклучат вратата за почеток на преговорите – рече Радев.