Фото: Принт-скрин

Бугарскиот претседател Румен Радев свика состанок на Советодавниот совет за национална безбедност, што ќе се одржи на 10 јануари.

Темата на состанокот е „Интеграција на Западен Балкан во ЕУ. Улогата на Република Бугарија во проширувањето на ЕУ и во процесот на стабилизација и асоцијација: Македонија и Албанија“.

Состанокот се случува пред најавената посета на бугарскиот премиер Кирил Петков во Македонија. Премиерот ќе допатува во земјава на 18 јануари, а пред посетата тој изјави дека бугарската позиција за Македонија е зачувана.