Преовлада гласот на разумот

204

Симон Трпчевски ексклузивно за „Нова Македонија“

– Среќен сум поради тоа што преовлада гласот на разумот во Српската православна црква и што е надминат повеќедеценискиот спор околу признавањето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Не ја познавам доволно црковната хиерархија, но се надевам дека сето ова ќе се заокружи и со потпишување на томосот од вселенскиот патријарх, г.г. Вартоломеј. Се надевам дека на неговата одлука нема да може да влијаат сите оние на кои им пречат Македонија, Македонците како народ и Македонската православна црква, како еден од столбовите на нашиот идентитет.