Фото: Фејсбук/Матеуш Моравјецки

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки ја обвини Европската Унија за „империјализам“ во односите со послабите земји-членки и повика на далекусежни реформи, пренесува „Ројтерс“. Полскиот премиер цврсто држи до државните интереси и не попушта во битките со ЕУ, што може да претставува и своевиден пример на кој треба да се угледаат и македонските политичари.

Германија и Франција се над сите други членки, напиша Моравјецки во авторскиот текст за германски „Велт“.

– Ние имамаме формална демократија и дефакто олигархија во која најсилните ја имаат моќта – посочува полскиот премиер.

Беше цел да се порази „заканата од империјализмот во ЕУ“, како што истакнува Моравјецки.

Според него, реформите треба да ги стават „заедничката добросостојба и еднаквоста на врвот на принципите на ЕУ“, за што смета оти може да се постигне само со промена на песпективата.

– Земјите-членки, а не институциите на ЕУ, мора да одлучат за правецот и приоритетите на постапките на Унијата. Основата на соработката мора секогаш да биде во потрагата по консензус, а не во доминацијата на посилниот – категоричен е Моравјецки.

Претходно, во интервју објавено завчера, лидерот на владејачката полска партија Закон и правда, Јарослав Качински, повика на реорганизација на односите во ЕУ, во случај на победа на неговата партија на парламентарните избори во посла закажани за следната година.

Полска заедно со Унгарија кон крајот на 2020 година го блокираа усвојувањето на дел од пакетот за седумгодишниот буџет на ЕУ и планот за закрепнување, бидејќи не се согласуваа со механизмот според кој европските фондови и средства се условени со владеењето на правото. А полскиот Уставен суд минатата година ги прогласи законите на ЕУ за некомпатибилни со полскиот устав, влегувајќи во уште еден спор со ЕУ.

Од друга страна, македонската власт се согласи со францускиот предлог преку кој ЕУ направи преседан, со кој на Бугарија ѝ се дава контрола врз процесот на македонските евроинтеграции (кои во Софија се гледаат како можност што не смее да се пропушти), а истовремено му се даваат и целосно асимилаторски права на критериумот за добрососедство во политиката на проширување на ЕУ.