Фото: Фејсбук/Емануел Макрон

Францускиот претседател Емануел Макрон обожава да зборува за Европа, за што ќе добие нова прилика денес коа ќе се обрати пред Европскиот парламент во Стразбур, на почетокот на шестмесечното претседателство со Советот на Европската Унија, на само неколку месеци пред очекуваната кандидатура за втор мандат, пишува „Политико“.

Во Брисел можат да ги предвидат темите за кои Макрон ќе зборува – поголема интеграција и европска автономија на сите полиња, од одбраната до синџирите за снабдување и поблаги фискални прописи, наведува бриселскиот портал, додавајќи дека ќе се обиде да даде подобар увид во европската агенда на францускиот лидер. Една од темите на кои се осврна „Политико“ е и проширувањето на ЕУ.

– Ентузијазмот на Макрон за ЕУ не опфаќа добредојде за нови членки во скоро време. Проширувањето на ЕУ е непопуларно во Франција (само 30 отсто од Французите го поддржуваат, според најновата анкета на „Евробарометар“), а оваа тема е често користена од десничарските ривали на Макрон за да се потенцира увозот на беззаконие во европскиот блок. Иако Европската комисија и повеќето членки на ЕУ велат дека Албанија и Македонија ги имплементираа сите демократски реформи потребни за отпочнување на пристапни преговори, процесот уште не почна, од скоро поради блокадата на Бугарија, која му одговора на Париз. Не очекувајте Макрон да направи напор за придвижување на нештата во првите неколку месеци од претседателството со Советот на ЕУ – заклучува „Политико“.