Кирил Петков

По ниеден начин не ги доведуваме во прашање идентитетот и јазикот, порача бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за телевизија „Сител“, одговарајќи на прашање кој е неговиот став за македонскиот јазик и народ.

Тој запраша зошто двете држави за толку години не направиле поблиски врски, нагласувајќи дека не треба да се мисли тесноградо. Петков препорача да се направат работни групи за подобрување на односите на двете земји.

За да се подобрат односите меѓу двете земји, препорача да се направат работни групи на повеќе сектори, и тие, како што рече, да разговараат на многу конкретни теми, како на пример инфраструктура.