Фото: Нова Македонија

Учесниците на вечерашниот протест против францускиот предлог пред Министерството за правда поставија транспаренти со пораките „Ова е Устав“, „Ова е тоалетна хартија“, „Ова се лисици“ и „Ова е Јустицијата, знаете што следи“, а потоа продолжија кон Собранието.

Фото: Нова Македонија

На протестот се слушаа патриотски песни и скандирања: „Оставка“, „Никогаш Северна, само Македонија“ и „Македонија“, а меѓу учесниците се претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, како и пратеници, градоначалници и високи функционери од оваа партија. Присутни беа и претставници од Левица кои се поддржувачи на маршот против францускиот предлог.

Ова е седми ден од протестот што се одржува под мотото „Ултиматум – НЕ благодарам“.