Фото: Архива

Македонскиот дипломатски синдикат се оградува од активностите на министерот за надворешни работи

Македонскиот дипломатски синдикат се оградува од сите активности на министерот за надворешни работи Бујар Османи и неговиот кабинет во врска со, како што велат во соопштението од МДС, урнисувањето на угледот на македонската дипломатија околу францускиот предлог.

– Исто како и претходно во случајот со Преспанскиот договор, раководното малцинство во МНР како Преторијанска гарда го чуваше министерот од комуникација со дипломатите претворајќи го неговиот кабинет во феудална тврдина, со една цел – самостојно донесување одлуки без притоа предметите да поминат низ дипломатски филтри и обсервација – наведуваат од МДС.

Не е вистина тврдењето на Османи дека францускиот предлог бил предмет на анализа на најискусните дипломати. Предлогот вооопшто не искомунициран со никого, освен можеби со најтесен круг на личните соработници на Османи. Споменувањето на инволвирање на „искусните дипломати“ служи само како параван за избегнување на евентуалната одговорност за непрофесионалното и неспособно преговарање, кое беше сокриено од дипломатијата.