Фото: Маја Јаневска-Илиева

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, вечерва ги демантира информациите дека вработените од ЈП „Комунална Хигинета-Скопје„ кои се отпуштени од работа, се вработени според Програмата K5, за правична застапеност.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска за 33 отпуштени лица рече дека станува збор за лица кои не си ги извршувале своите работни обврски, а најголем дел нив не се ни појавувале на работното место.

Од Министерството за политички систем пак, појаснуваат уште дека според планот усвоен од Владата распределени се вкупно 1.349 административни службеници, од кои за 1.023 администратини службеници се реализирани трансфери, потоа за распределба на 137 административни служеници процедурата е во тек.

Во однос на преостанатите 162 административни службеници работниот однос е прекинат од разни причини, односно заминување во пензија, отказ од вработениот или од работодавацот итн.

– Оттука, преостануваат уште 27 административни службеници кои се во фаза на распоредување во зависност од потребите на институциите и во корелација со нивните работни способности – се вели во реакцијата.