Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски остварија средба претставници на Советот на амбасадори.

На средбата Мицкоски ги објаснил позициите на ВМРО-ДПМНЕ во однос на надворешните предизвици со кои се соочува Македонија.

„Беше потенцирана потребата од одблокирање на европските интеграции со зачувување на државните и национални интереси, особено во поглед на прашањето со Бугарија. Воедно беше посочено дека потребна е усогласена и заедничка државна позиција во однос на преговорите за ова прашање која е изразена во црвените линии кои се дел од Резолуцијата усвоена во Собранието, а која беше предложена од ВМРО-ДПМНЕ“, информираат од опозициската партија.

На средбата била истакната и потребата од реформи и промени кои ќе обезбедат посигурна иднина.