Во изминатите 100 дена започнавме повеќе од 1.090 проекти. Или точната бројка е 1.093 за 100 дена. Започнати се со реализација 166 капитални објекти низ
целата територија на Македонија. Започнати се со проектирање, градба или реконструкција на нови 33 градинки и 68 училишта. Точно 206 улици и патишта се
градат или реконструираат со вкупна должина од околу 100 километри. Се инвестира во градба на 111 водоводи и канализации, 96 игралишта и паркови. А, расчистени се
повеќе од 200 диви депонии. Ова го истакна пред присутните градоначалници од
Пелагонискиот регион и членовите на партијата, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот отчет за сработеното на градоначалниците од Пелагонискиот
регион во првите 100 дена.

– Главниот удар врз народот се инфлацијата, ниските плати, а високите цени на производи. И сите оние од власта кои велеа дека покачувањето на цената на струјата било симболично и дека го спасиле народот од огромно покачување, и затоа треба да бидат среќни и задоволни од постојното, нека ги прашаат домаќинствата, нека ги
прашаат граѓаните кои ја добија сметката за струја за последниот месец. Ако плаќале 8 илјади денари минатиот месец, овој месец таа изнесува повеќе од 14 илјади денари.
Ако плаќале 6 илјади денари, таа сега е повеќе 9 илјади денари. И не е само струјата за домаќинствата, поради негрижата на владата можно е покачување и на цената на
водата, затоа што повисоката цена на струја предизвика зголемени трошоци за снабдување на водата која неминовно може да доведе до покачување на нејзината цена која на крајот повторно поради неспособната Влада ќе ја плати
народот – изјави Христијан Мицкоски во Битола.

Тој се осврна и на односите со Бугарија и заложбата на ВМРО-ДПМНЕ за национално единств.

– Националното единство е нужност затоа што информациите со кои што располагам укажуваат на тоа дека во игра е многу повеќе од само промена на македонскиот
Устав, а со цел вклучување на бугарското малцинство во Македонија во тој Устав. И во таква една ситуација сметам дека е политички зрело и државнички кога веќе на тоа не се осудува првиот човек на владата, јас да сум тој кој што ќе повика на национално единство. Ковачевски со тоа што одбива можност за национално единство за прашањето со Бугарија, практично пропушта можност едногласно да ги зацементираме позициите за заштита на националните, државни идентитетски линии. Ваквото одбивање на подадената рака за национално единство значи само едно, дека Ковачевски наместо во коалиција со народот и на страна на државните и национални интереси, е во коалиција со Бугарија. И тука морам јавно да изразам сомневање дека барањата на
Бугарија и она за што преговара Ковачевски е многу подлабоко отколку промена на Уставот и вметнување на бугарското малцинство во него, туку на маса е и македонскиот јазик, историја и постоење на македонскиот народ во историска и политичка смисла и контекст. И во таква една ситуација пресметката на заевизмот и Ковачевски како негов најистурен експонент е одбегнување на национално единство што ќе ги штити црвените линии, постигнување на договор со Бугарија за чие неприфаќање единствено ќе биде посочено со прст за виновно ВМРО-ДПМНЕ, а тоа во јавноста лажно ќе се престави дека е решение кое доколку е отфрлено вие сте против ЕУ, а доколку нормално го прифатите тоа предавство кое што го подготвува заевизмот и неговиот слеп послушник тогаш сте за ЕУ. Независно што едното со друго нема никаква врска и тоа што оваа кнедла која се подготвува во кујните на заевизмот ќе биде идентитетски разорна за постоењето на нашиот народ и држава. Дека зад ова сценарио за одбивање на обединување околу националните прашања седат ваквите мотиви доказ е и одбегнувањето на власта да не ја поддржи Декларацијата во Парламентот за титанот Гоце Делчев, пред се поради стравот на Ковачевски да не се налути Бугарија
кој е поголем од желбата за почит кон великанот. Македонија историски и цивилизациски е мирољубива земја, со космополитски карактер, и секогаш била дел од
Европа во која уште веруваме и ги споделуваме тие вредности. Потреба е надеж на овој народ, на граѓаните на Македонија и таа надеж мора да биде возвратена,
почитувана и вреднувана. Овие промени кои ги направија за само 100 дена
градоначалниците се искра надеж, но и огледало за тоа што
можеме да направиме за нашата Македонија – истакна Мицкоски во Битола. М.М.