Фото: Маја Јаневска-Илиева

Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија најавува масовни штрајкови и протести доколку итно не заседава економско-социјалниот совет и Владата не најде решенија за сиромаштијата во која живее работникот, додека, како што велат, истовремено непродуктивно троши.
– Крајно алармантно е она што ни го јавуваат работниците. Веќе не можат да преживеат. Поради тоа, јавно бараме да се одржи економско-социјалниот совет. Буквално веќе не можеме да влеземе во продавница. Веќе не е издржливо – истакна Маријан Ристески, претседателка на конфедерацијата на синдикални организации на Македонија.
Тие сметаат дека власта ги изиграла и продолжува да манипулира со работниците, како и дека државата сама не си ги почитува законите, а очекува другите да го прават тоа.
– Не дадоа ни 2.088. Рекоа дека ќе ја усогласат платата со минималната плата. Имало време шест месеци. Веќе во септември поминуваат тие шест месеци. Владата прави некои трошоци без врска, непродуктивни. Значи пари има во државата. Бараме средба, во спротивно најавуваме масовни протести и демонстрации – додаде Ристески.
Револтот на работниците е широкораспространет низ институциите. Како медицински и образовни кадри, така и полициски структури се наоѓаат во очајна и безизлезна состојба, па спасот го бараат надвор од државата.