Фото: Маја Јаневска-Илиева

Владата на Македонија доаѓа во Софија следниот вторник, како што најави бугарскиот премиер Кирил Петков, коментирајќи дека постои можност да биде направено нешто што не се случило во последните 30 години.

– Треба да се договориме за воспоставувањето на железничката линија помеѓу Софија и Скопје во најкус можен рок, да утврдиме како да се патува побрзо со автомобил, како навистина да има половина час лет, да стане збор за културниот календар, како и координацијата на образовните програми – рече Петков.

Бугарскиот премиер додаде дека ќе се направи реален план за целите и постигнувањата во наредните шест месеци.

Петков неделава го посети Скопје, остварувајќи голем број средби со државниот врв. Од двете страни, посетата беше оценета како успешна.